5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Пеле излезе од болница, тој е во стабилна состојба

НАЈЧИТАНО

Светската фудбалска легенда Едсон Арантес до Насименто (81), по дводневен престој ја напушти болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, јавија денеска локалните медиуми, додавајќи оти Пеле е во стабилна состојба.

На трикратниот светски првак лани му беше дијагностициран тумор на дебелото црево, а по оперативниот зафат неколку пати се враќаше во болницата за испитувања и хемотерапии.
„Едсон Арантес до Насименто е испишан од болницата „Алберт Ајнштајн“. Пациентот е во добра и стабилна клиничка состојба“, се наведува во медицинскиот извештај, потпишан од ендокринолог, онколог и директорот на болницата.

Пеле е единствениот фудбалер во историјата, кој освоил три титули светски првак (1958, 1962 и 1970), а популарниот „O Rei (Крал) во кариерата постигна повеќе од 1.000 голови пред да ги закачи копачките на ѕид во 1977 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО