18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Пекинг е во состојба на готовност, а властите во кинескиот главен град најавија поинтензивно тестирање откако 10 средношколци беа позитивни на тест за ковид-19

НАЈЧИТАНО

Пекинг е во состојба на готовност, а властите во кинескиот главен град најавија поинтензивно тестирање откако 10 средношколци беа позитивни на тест за ковид-19.

По вчерашните позитивни тестови и откривањето на уште четири случаи на инфекција со коронавирус, независно од тестирањето, градските власти одлучија да ја прекинат наставата во училиштата на една недела.

Во континентална Кина денеска се потврдени 24.326 новозаразени, од кои повеќето се асимптоматски случаи во Шангај, каде се најавени строги рестриктивни мерки.

Кинеската политика на нулта толеранција за ковид-19, масовно тестирање и строга блокада што ги спречи граѓаните да ги напуштат своите домови, спречи ширење на епидемијата и висока смртност кај заразените со коронавирусот, сметаат дел од експертите.

Сепак, последните настани во Шангај, кој е под строги мерки, го наметнаа прашањето дали таквата стратегија е добра. Многу жители на Шангај имаа тешкотии да се снабдат со храна за време на карантинот овој месец, а некои немаа ниту пристап до лекови или медицинска помош.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО