5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, дознава Плусинфо од извори од Македонски Железници-Транспорт.

Како што дознаваме, станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица – ни изјавија од Македонски Железници-Транспорт.

Потврда, но и повеќе информации се обидовме да добиеме и од Министерството за внатрешни работи (МВР), но одговор сѐ уште не добивме.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Додик: Нема да се укинат акцизите за гориво

Лидерот на СНСД, Милорад Додик, денеска во Бања Лука изјави дека и оваа партија ќе биде против укинување на акцизата на горивото во Домот...

„Прашајте ме за ХПВ“ – граѓаните можат да се информираат во 220 аптеки

Денеска започна проектот „Прашај ме за ХПВ“. Во аптеките кои се дел од проектот, до мај, фармацевтите ќе бидат достапни за да ги советуваат...

РЕЗУЛТАТИ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА СЕМЕЈСТВО КОЕ ИМА ДЕТЕ СО ТЕШКА ПОПРЕЧЕНОСТ

РЕЗУЛТАТИ од Јавниот повик за доделување на еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст број 09-202/2 од 09.01.2023...
spot_img
spot_img
spot_img