14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Парите од Турција завршувале како криптовалути во Македонија

НАЈЧИТАНО

Турските медиуми објавија дека во Истанбул е разбиена обложувачката мафија „Тотобо“, откако биле уапсени 59 лица, кои биле вклучени во обложувачкиот скандал и оствариле добивка од 55 милиони евра за една година, а нивните трансакции ги вршеле во три земји, и тоа Турција, Македонија и Германија.

Полициската истрага траела осум месеци, а тие ги следеле сметките на криминалците, чии средства се акумулирале на сметки на роднини на бандата, а потоа за да не бидат фатени вршеле мали трансакции од 10.000 до 15.000 долари и потоа истите средства ги претворале во криптовалути и завршувале во Македонија.

фото: Принтскрин

 

Полицијата соопшти дека уапсила 59 лица, меѓу кои и лидерот на организацијата Озкан, додека налог за апсење е издаден за вкупно 75 лица, кои биле дел од мафијата.

Истрагата покажала дека дел од парите завршиле за финансирање на терористичка организација, но истата не е завршена и наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО