8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Парис Хилтон откри дека нејзиното сакано куче е исчезнато, таа бара помош

НАЈЧИТАНО

Водителката на подкастот This Is Paris откри дека нејзиното куче Diamond Baby исчезнало.

Diamond Baby последен пат е виден на 14 септември. Заедно со клиповите кои прикажуваат посебни моменти меѓу неа и нејзиното сакано куче, таа им ја соопшти веста и на фановите. „Ова е неверојатно тешко да го објавам бидејќи останам без зборови. Бев на снимање, а бидејќи ги менуваме локациите, еден од асистентите сигурно ја оставил вратата отворена кога се преселиле. Семејството и пријателите ми помогнаа да го побарам кучето, го исчешлавме целото маало, одевме од врата до врата, но сепак не ја најдовме“.

Таа додала дека ангажирала детектив кој прави се што е во негова моќ да го пронајде изгубеното кученце. „Исто така, правам се што е во моја моќ за да ја вратам. Секој кој некогаш сакал и изгубил домашно милениче ќе ја разбере болката што ја чувствувам, срцето ми е скршено. Чувствувам дека дел од мене недостасува и ништо не е исто без неа. Diamond Baby е моето сè, таа ми е како ќерка. Бевме неразделни, таа ми беше најдобра пријателка и секогаш покрај мене“.

Парис Хилтон, исто така, рече дека се двоумела да го објави јавното соопштение бидејќи луѓето можат да бидат сурови и таа е загрижена за безбедноста на кучето, но сега е очајна бидејќи колку подолго поминува времето, толку се помали шансите да го врати назад. Таа нуди и награда за безбедно враќање на нејзиниот миленик.

Дајмонд Бејби е нејзино верно милениче од есента 2016. Во тоа време, таа ги замоли своите обожаватели за инспирација како да ја именуваат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО