17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Парискиот клуб му даде отказ на тренерот

НАЈЧИТАНО

Маурицио Покетино повеќе не е тренер на Пари Сен-Жермен. Парискиот клуб за ова денес преку соопштение ја информира јавноста.

„Нашиот клуб потврдува дека го завршивме нашето партнерство со Покетино. Им благодариме на Маурицио и на неговиот стручен штаб за нивната работа и им посакуваме се најдобро“, се вели во соопштението на парижаните.

Покетино официјално го презеде ПСЖ во јануари 2021 година и на лето го продолжи договорот до 2023 година.

Педесетгодишниот Аргентинец со клубот го освои Купот и Суперкупот на Франција, како и шампионската титула оваа сезона. Во 1/8-финалето на актуелната Лига на шампиони, ПСЖ загуби од Реал Мадрид (1:0, 1:3).

Се очекува денес ПСЖ да одржи прес-конференција, на која со голема веројатност ќе биде објавено именувањето на Кристоф Галтие за нов селектор на тимот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО