8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Папата Франциск: „Лаењето“ на НАТО на вратите на Украина можеби ја испровоцирало војната во Украина

НАЈЧИТАНО

„Лаењето“ на НАТО на вратите на Украина можеби ја испровоцирало војната во Украина, изјавил папата Франциск во интервју за „Кориере дела сера“, пишува Политико. Папата додаде и дека не би одел толку далеку за да каже дека присуството на НАТО во соседните земји ја „провоцира“ Москва, тоа можеби ја „олеснило“ окупацијата.

Папата потврди и дека Светата столица барала средба со Путин во Москва од средината на март:

– Се разбира дека ни треба лидерот на Кремљ за да постави временска рамка. Сѐ уште не добивме никаков одговор и сѐ уште се обидуваме и покрај мојот страв дека Путин не може и не сака да ја одржи оваа средба во овој момент – истакна папата.

Папата Франциск во интервјуто засега ја отфрли можноста да оди во Киев и нагласи дека прво мора да оди во Москва и да се сретне со Путин. Папата ја осудуваше агресијата уште од почетокот на војната, но досега избегнуваше експлицитно да го спомене Путин, во согласност со надворешната политика на Ватикан која сака да ја држи отворена вратата за можен дијалог, објави Политико.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО