26.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Пановски: Меѓу корона и ангина, сега би одбрал Ковид 19

НАЈЧИТАНО

Професорот Никола Пановски им порача на заболените од ковид-19 повеќе да не трошат пари за тестирања, бидејќи тоа повеќе не е потребно.

Микробиологот вели дека во моментов бројот на заболени е 10 пати поголем од официјалната статистика, а многу од младите не ни знаат дека биле заразени.

– Нема потреба граѓаните сами да се тестираат и да прават трошоци, туку да се изолираат неколку дена. Нема никаков ефект освен финансиска загуба од тестирање, иако е точно дека некои бараат изолација за да добијат боледување. Кога би бирал меѓу ковид и ангина, сега би одбрал ковид. Така да мислам дека тестирањето не значи ништо – рече Пановски за телевизија Сител.

Тој се согласува со Комисијата за заразни болести, дека не треба да се враќаат дел од задолжителните мерки и дека граѓаните се веќе свесни за сопствената заштита.

– Гледам дека некои луѓе носат маски, што не беше случај пред три недели. Болниците се се уште празни и нема нешто што треба да се одложува. Што ако го одложиме две недели – прашува Пановски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО