16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Палестински напаѓачи убиле израелски чувар на Западниот Брег, тензиите растат

НАЈЧИТАНО

Палестински напаѓачи убија израелски чувар на влезот во еврејска населба на окупираниот Западен Брег, соопшти израелската армија.Последниот напад, кој се случи во петокот вечерта, може дополнително да ја зголеми тензијата меѓу двете нации, која расте во последните два месеци.

Израелската армија рано утринава соопшти дека напаѓачите дошле на влезот во еврејската населба Ариел и пукале во чуварите, а потоа побегнале, а на Западниот брег била организирана потера.

Во одделен инцидент, израелски војници убија 27-годишен Палестинец за време на конфликт во селото Азун во близина на градот Калкилија рано утринава, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Во серија напади на Палестинци и израелски Арапи во Израел и на Западниот Брег загинаа 15 лица во последните два месеци. Најмалку 27 Палестинци беа убиени од израелските безбедносни сили за тоа време.

Последниот напад го пофали исламскиот екстремистички Хамас, кој владее во Појасот Газа, но не презеде одговорност.

„Оваа операција докажува дека револуцијата беснее низ Западниот Брег. Тоа е практична примена на декларацијата на нашиот народ дека Ерусалим е црвената линија“, рече портпаролот на Хамас, Хазем Касем.

Тензиите се зголемија овој месец во светилиштето во Ерусалим, а палестинските демонстранти секојдневно се судрија со израелската полиција. Таму е џамијата Ал Акса, трета по важност во исламот, а десетици илјади Палестинци доаѓаат да се молат таму за време на светиот месец Рамазан.

Местото каде што се наоѓа Ал Акса, Евреите го нарекуваат планината на храмот и е најсветото во јудаизмот.

Бидејќи еврејскиот празник Пасха се совпадна со Рамазан, еврејските верници се молеа на Ѕидот на плачот под планината на храмот, а еврејските националисти и ултрадесничарите го посетија храмот во придружба на полицајци кои Палестинците ги сметаат за провокација и обид да ја преземат контролата над светилиштето. .

Израелските власти го обвинуваат Хамас за поттикнување насилство и тврдат дека безбедносните сили мора да интервенираат за да ги спречат палестинските демонстранти да фрлаат камења.

Посетите на Евреите беа прекинати минатата недела за време на последните десет дена од Рамазан, кој завршува овој викенд.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО