7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Пазете се од денешната енергија!

НАЈЧИТАНО

Денешниот датум 22.2.2022, кој се чита исто од лево кон десно и од десно кон лево, ќе се повтори само за 200 години, односно 22.2.2222 година и го претставува последниот датум со низата 222 која започна во 2000 година. Според нумеролошките анализи, низа од најмалку три двојки се нарекува и ангелски број.

Според нумерологијата, денешниот датум носи енергија на двојност, партнерство, врски и рамнотежа. Пораките број два секогаш се фокусирани на компромис, сочувство, прифаќање, соработка и хармонија. Кога бројот два во низа е како 222, оваа енергија е уште поизразена.

Денешната енергија треба да ја искористиме преку канализирање на нашата љубов, позитивни вибрации и добро расположение во насока на хармонија и соработка со другите и кон другите.

Очигледно, ова е добар период за промени, за секакви спојувања, за регенерација или воспоставување нови односи. Исто така, имајте на ум дека овие денови е многу изразена интуицијата, но и моќта на привлекување, па затоа треба интензивно да размислувате за индивидуалните аспирации и желби, ова ќе го забрза нивното остварување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО