8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Пазарот за неживотно осигурување лани порасна за 16 отсто во споредба со 2020 година

НАЈЧИТАНО

Пазарот за неживотно осигурување лани порасна за 16 отсто во споредба со 2020 година. Осигуреници вложија 156,5 милиони евра во сите 18 класи на неживотни осигурувања. Тоа е за 21 милион евра повеќе во споредба со 2020 година. Граѓани, фирми, здруженија и инстиуции лани склучиле речиси 1,5 милиони  договори за осигурување. Тоа е за 30 отсто повеќе во споредба со 2020 година, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување.

– Вложувањата во осигурување неживот лани се поголеми и во однос на 2019 година што укажува на тоа дека осигурителната индустрија во целост закрепна од негативните влијанија и бројните ограничувања предизвикани од здравствената пандемија во 2020 година – велат од АСО.

Според податоците на Агенцијата, во осигурување имот, најголема доброволна класа на осигурување, лани граѓани и правни лица вложиле вкупно 35,2 милиони евра. Тоа е за 16,5 отсто односно  повеќе во однос на претходната година. Корпоративниот сектор своите вложувања во осигурување имот лани ги зголемил за 10 отсто и тие достигнале 24,2 милиони евра.

– Очекувано најголем раст лани има кај патничкото осигурување. Вложувањата во овој осигурителен продукт достигнаа 2,4 милиони евра. Тоа е за 94 отсто повеќе од 2020 година кога, поголем дел од годината, заради глобалната здравстена пандемија предизвикана од вирусот COVID – 19 речиси сите патувања беа сведени на нула – велат од АСО.

Интензивен раст на вложувањата е карактеристичен и за приватното здравствено осигурување – најбрзорастечкиот осигурителен производ од почетокот на здравствената криза до сега. Во оваа класа осигурување граѓани, фирми и институции вкупно вложија 6,6 милиони евра , што е за 48 отсто повеќе од пандемиската 2020 година.

Со умерен раст се карактеризираат и вложувањата во каско осигурување на моторни возила. Вкупно во таа класа лани се вложени 14,5 милиони евра што е за 8 отсто повеќе од претходната година.

Кај најголемата осигурителна класа – автомобилското осигурување, кое е задолжително со закон, лани продажбата на полиси достигнала 78,6 милиони евра. Тоа е за 17 отсто повеќе од 2020 година.

– Значајно за истакнување е тоа што сите 11 компании за неживотно осигурување бележат раст на продажбата на осигурителни полиси што укажува на јакнење на пазарната конкуренција во секторот неживотно осигурување – велат од Агенцијата.

Кај „Триглав осигурување“, АДОР „Македонија“ ВИГ и „Осигурителна полиса“ бруто полисираните премии пораснале до 10 отсто во однос на 2020 година. Кај  „Граве неживот“, „Винер ВИГ“ „Евроинс осигурување“, „Еуролинк “ и „Сава осигурување“ премиите растеле меѓу 10 и 20 отсто. Бруто премиите на „Халк Осигурување“ и „Уника“ лани пораснале над 20 отсто, а на „Кроација осигурување – неживот“ се зголемиле за повеќе од 40 отсто во споредба со 2020 година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО