22.9 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Очајно проштално видео на украински маринци во Мариупол

НАЈЧИТАНО

Украинските маринци кои го бранат Мариупол и се обратија на јавноста со очајно видео.

Во своевидна проштална порака, припадниците на 36. поморска бригада рекоа дека ќе се борат до крај, но рекоа дека не им била обезбедена муницијата што им била потребна.

„Ние сме 36-та морска бригада која ја држеше и ја држи линијата на одбраната во Мариупол. Но, реалноста е дека градот е опколен и не ни е доставена муниција. Цела Украина мора да се сеќава на борбата на овој отпор и борбата за победа на крајот. Украина, Европа, светот, посветени сме на Украина до крај“, рекоа маринците.

„Го одбранивме секој дел од овој град најдобро што можевме“, велат тие.

Не е јасно колку маринци од оваа бригада се уште се живи.

Покрај нив, ова украинско пристаниште го бранат и други борци на Азовскиот полк.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО