9.6 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Официјално: Тренерот на Бостон без работа поради љубовна врска

НАЈЧИТАНО

Бостон Селтикс официјално објавија дека го суспендираа тренерот Име Удока за претстојната сезона.

Причината беше интимната врска на Удока со жена од штабот на Селтикси, што и покрај взаемната согласност ги нарушува клупските кодекси и корпоративната етика, бидејќи жената вработена во клубот од Масачусетс формално е подредена на главниот тренер, кој зазема еден од највисоките позиции во хиерархијата на клубот.

Удока беше суспендиран од работа само за сезоната 2022/2023. Одлуката за неговата иднина ќе биде донесена подоцна. На клупата на Селтикс ќе седне помошникот на Удока, Џо Мазула.

„Би сакал да им се извинам на играчите, навивачите, клубот и моето семејство што ги разочаравме сите. Ја прифаќам одлуката и од почит кон инволвираните нема дополнително да ја коментирам“, рече Удока.

Четириесет и петгодишниот Удока беше назначен за тренер на Бостон во јуни 2021 година и во првата сезона стигна до финалето, каде беше поразен од Голден Стејт со 4-2.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО