25.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Откриен документот со кој Москва ќе куртули од плаќање пенали за „Северен тек 1“

НАЈЧИТАНО

„Виша сила“, или правно речено „vis major“ е причината поради која рускиот магнат „Газпром“ од 14 јули го намалил протокот на гас за Европа, за најмалку еден голем клиент. Ова го открива писмо кое „Газпром“ го доставил до германската компанија „Унипер“, пишува Ројтерс. Oд „Унипер“ засега не го коментираат детално писмото, ниту неговите последици.

Она што е познато е дека писмото кое е пратено има за цел правно да го заштити „Газпром “од плаќање компензација за прекинатите испораки. Клаузулата за виша сила, според која компанијата ги раскинува договорните обврски поради фактори надвор од нејзина контрола, се вели дека е ретроактивна за испораките кои започнуваат на 14 јуни.

Трговски извор, кој побара да остане анонимен поради чувствителноста на прашањето, рече дека писмото се однесува на снабдувањето со гасоводот Северен тек 1, главната рута за снабдување со Германија и пошироко.

Гасоводот Северен тек 1 е затворен поради годишно одржување, кое треба да биде завршено на 21 јули, но некои од европските клиенти на Гаспром, особено во Германија, стравуваат дека снабдувањето нема да продолжи.  Уште пред да почне одржувањето на Северен тек на 11 јули, Гаспром на 14 јуни ги намали испораките преку гасоводот под Балтичкото Море до Германија, наведувајќи го како причина доцнењето на испраќањето на турбината што ја одржуваше во Канада добавувачот на опрема „Сименс Енерџи“ .

Во моментов снабдувањето со гасоводот е намалено за 60 проценти.

Според пишувањата на медиумите, гасната турбина треба да се врати во Русија за една недела. Не е познато дали ова ќе го реши проблемот на испораката.

Европската унија, која воведе санкции кон Москва, има за цел да престане да користи руски фосилни горива до 2027 година, но сака снабдувањето да продолжи засега додека развива алтернативни извори. Испораките на руски гас се прекинати преку главните рути, вклучително и преку Украина и Белорусија и преку Северен тек 1, гасоводот под Балтичкото Море.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО