18.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Откриена причината за смртта на актерката Ен Хејс

НАЈЧИТАНО

Актерката Ен Хејс почина на 12 август на 54-годишна возраст, а сега е откриена причината за смртта.

На 5 август актерката предизвика сообраќајна несреќа, кога со својот автомобил удри во куќа во населба во Лос Анџелес.

Како што пренесуваат странските медиуми, актерката во моментот на несреќата не била под дејство на алкохол, но во нејзиниот систем имало кокаин и фентанил.

По несреќата, Ен Хеч една недела била во кома, а веста за смртта на актерката ја потврдиле и нејзиното семејство, откако претходно најавиле дека ќе ја симнат апаратите за одржување во живот.

Според „Сан“, актерката починала од вдишување чад и топлински повреди, откако автомобилот што го возела удрил во куќата на една жена и се запалил на 5 август.

Хеч, исто така, претрпела сериозна фрактура на градниот кош во несреќата, соопштија од лекарската канцеларија во Лос Анџелес.

Судскиот лекар од округот Лос Анџелес пријавил фрактура на градната коска од тапа траума како уште една значајна причина за нејзината смрт. Откако нејзиниот автомобил удрил во тротоар па потоа удрил во ѕид од куќа во Лос Анџелес, Ен Хеч се здобила со смртоносни повреди кога пожарникарите влегле да го изгаснат пламенот.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО