5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Откако го зема Касио, Шпанецот на работа дојде со Рено Твинго

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Шпанскиот фудбалер Жерар Пике повторно ја исмеа поранешната партнерка Шакира и нејзината најнова песна, која е директна критика за него и неговата афера со 23-годишната Клара Чиа Марти.

Тие двајца раскинаа минатата година по обвинувањата за негово неверство и оттогаш нивната врска драстично се влоши.

Шакира во својата новогодишна честитка го повикала човекот со кој има две деца.

Но, повеќе му пречела песната во која таа вели дека неодамнешниот фудбалер „заменил Ферари за Твинго“, алудирајќи на тоа што Пике изгубил.

Еден од стиховите се однесува на тоа дека фудбалерот „заменил Ролекс за Касио“, а на тоа имал два провокативни одговори.

фото: Принтскрин

Прво, тој го презеде Касио како спонзор на Kings League, што е негов нов бизнис потфат, а потоа со Рено Твинго дојде на работа.

Ниту покуси во измевањето на популарната пејачка не останаа, токму Касио и Рено кои се споменуваат во песната на Шакира.

Од Касио ја коментираа песната на Шакира преку официјалниот Твитер профил на Division Educativa.

– Добивме многу известувања поради споменувањето на Касио во песна. Касио се за целиот живот – стои во објавата.

 

 

На Твитер се појави и Касио профил на кој се објавуваат разни шеги и прозивки упатени кон Шакира.

– Шакира, ние можеби не сме Ролекс, но јасно е дека нашите купувачи се верни. Батеријата на Касио часовниците трае подолго од врската на Шакира и Пике – се само дел од коментарите.

Преку истата социјална мрежа се огласија и од Рено. Објавија фотографија од Твинго со број „22“ и коментар „За типови и типки како тебе. Попушти го звукот“, алудирајќи на делот од песната на Шакира каде таа пее „волчица како мене не е за тип како тебе“.

 

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Груевски ја коментира ситуацијата со соседна Бугарија

„Од секогаш сум тврдел дека македонското прашање може да се затвори само тогаш кога ќе е во корист на Македонија и на македонскиот народ...

Тепачка меѓу власта и опозицијата во Српското Собрание, Вучиќ мртов ладен ги гледаше

Тотален хаос во српското Собрание следеше во попладневниот дел од расправата, кога пратениците од опозицијата, пред сѐ Двери и Заветник, се упатија кон претседателот...

Што го испишмани Бесими да го поништи покачувањето од 30 отсто?

Дали се во прашање законите или министерот за финансии и владата се повлекоа од најавата дека ќе им ги зголемат платите на вработените во...
spot_img
spot_img
spot_img