-0.1 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

„Отворен Балкан“ е пример за успешна регионална соработка

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со американските сенатори од Одборот за надворешни работи, Крис Марфи и Џин Шејхин, како и со сенаторот од Одборот за вооружени сили, Том Тилис, со кои разговараше за билатералната соработка, европската интеграција на Србија, ситуацијата во регионот, енергетиката и кризата во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Зборувајќи за ситуацијата во регионот, претседателот Вучиќ истакна дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и на Република Српска во рамките на БиХ.

Тој додаде дека за Србија е од клучен интерес да ја зачува стабилноста во регионот и да ја зајакне соработката во сите области, особено во областа на економијата, бидејќи само таков регион овозможува одржлив развој на самата Србија.
Во таа насока, претседателот Вучиќ како пример за успешна регионална соработка ја наведе Иницијативата „Отворен Балкан“ која има за цел натамошен развој на регионот и подигање на животниот стандард на сите негови граѓани, се наведува во соопштението од Кабинетот на српскиот претседател.

Во него се додава дека „по повод кризата во Украина, претседателот Вучиќ ја истакна посветеноста на Србија за почитување на принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и политичката независност на државите, за што сведочи гласањето на Република Србија во Генералното собрание на ОН и другите меѓународни тела“.

За време на разговорите со американските сенатори, претседателот Вучиќ се заблагодари на Вашингтон за континуираната поддршка на патот на Србија кон полноправно членство во ЕУ.

– Тоа е една од нашите приоритетни надворешнополитички цели и стратешка определба на Србија – изјави Вучиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот...

Приведен бегалец од затвор, спроведен во КПУ Прилеп

На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“  во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с.Кривогаштани. Тој бил...

Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги и сервиси ја обележаа 2022 година

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Социјални и здравствени...
spot_img
spot_img
spot_img