17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Отворање на приоритетната автопатска делница во Црна Гора на 13 јули

НАЈЧИТАНО

Приоритетната делница на автопатот од Подгорица (Смоковац) до Колашин (Матешево) ќе биде отворена на 13 јули, на Денот на државноста на Црна Гора, потврдија за агенцијата Бета во Владата на Црна Гора. Деталите за отворањето се уште не се познати.

Како што претходно беше најавено, ова е најтешката делница на автопатот од Бар до границата со Србија.

Вкупната должина на приоритетниот дел од автопатот е околу 41,5 километри, со тешка инфраструктура која вклучува 29 мостови, десет надвозници и 16 тунели со двојни цевки.

Изградбата на првата делница од автопатот започна во 2015 година, а првичниот рок за завршување на работите беше 11 мај 2019 година.

Во мај 2019 година, рокот беше поместен за 30 септември 2020 година, а на крајот на април 2021 година, за ноември минатата година.

Државата се задолжи со 944 милиони долари од кинеската Ексим банка на 20 години, со камата од два отсто и со грејс период од шест години за изградба на оваа делница, а првата рата беше платена лани.

Владата на почетокот на јули минатата година склучила „хеџинг аранжман“ со европските и американските банки со што, како што тврдат, ја намалила каматата и заштедила осум милиони евра годишно.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО