21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Осум милијарди ќе чини членството на Шведска и на Финска

НАЈЧИТАНО

Проширувањето на НАТО, без оглед на мислењето на администрацијата на Џозеф Бајден, не соодветствува со националните интереси на САД, пишува „Фокс њуз“. Погрешно е да се мисли дека е предност Финска и Шведска да влезат во Алијансата, пишува во текстот, бидејќи тоа ќе ги зголеми трошоците и ќе предизвика конфликт со Русија, пренесува Б92.

„Преземањето одговорност за заштита на две богати европски земји со НАТО, чија неутралност обезбедува безбедност и просперитет повеќе од 70 години, не е во националниот интерес на САД. Факт е дека безбедносните гаранции ќе ги принудат (Американците) на компромиси, да трошат повеќе ресурси и ќе ги зголемат шансите за конфликт со непријател кој поседува нуклеарно оружје“, се објаснува во написот.

Во исто време, членството на Хелсинки и Стокхолм во НАТО има реална цена. Американските медиуми наведуваат дека Вашингтон ќе потроши најмалку осум милијарди долари за проширување на Алијансата и ќе троши уште 1,5 милијарди долари годишно.

Во написот се наведува и дека сегашната американска администрација поставила погрешни приоритети и повеќе е заинтересирана за двете богати европски социјалдемократии, а не за позицијата на САД. Во написот се нагласува и стапката на инфлација и американскиот државен долг, кој веќе достигна 30,5 милијарди долари.

„Недостигот на дијалог за оваа важна тема и омаловажувањето на оние кои се осмелуваат да ги преиспитаат придобивките од проширувањето на НАТО само го зголемуваат ризикот САД да ја преценат својата сила, или уште полошо, потенцијално да влезат во конфликт со Русија, која има нуклеарно оружје“, се вели и се додава:

„По децении неуспех во надворешните односи што САД ги чинеа скапо, избраните политичари му должат на американскиот народ повеќе од прескапи долгови кои не се поврзани со нашата безбедност и економски просперитет“, се заклучува во текстот.

Иако Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во Алијансата, нивното членство останува неизвесно поради сѐ поизвесната блокада од страна на Турција. Земјата веќе го блокираше разгледувањето на нивните апликации.

Фото: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО