18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Осумдесет и едно лице заболело од ковид-19 во последните три дена

НАЈЧИТАНО

Осумдесет и едно лице заболело од ковид-19 во последните три дена, соопшти Министерството за здравство.

Направени се 1.972 тестови, а регистрираните нови случаи се во: Скопје – 53, Битола и Прилеп по 5, Велес – 3, Куманово, Тетово и Струга по 2, Кавадарци, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Виница, Богданци и Крушево по 1.

Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 20 реинфекции. Регистрирани сe 124 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите три дена не е пријавено ниту едно починато лице.

Досега во земјата се направени дијагностицирани 312.960 заболени, бројот на оздравени пациенти е 303.287, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 351. Во Скопје има 247 активни случаи. Во 13 града во земјава нема заболени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО