9.1 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Осуда од МНР за оштетувањето на таблата на бугарскиот клуб „Борис Трети“

НАЈЧИТАНО

Министерството за надворешни работи соопшти дека најстрого го осудува вандалскиот чин, кој се случи денеска во Охрид, а со кој е искршена таблата на неодамна отворениот бугарски клуб.
Од МНР потсетуваат дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Република Северна Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. Од МНР ги повикуваат сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи.
– Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас – посочуваат од МНР.
Претходно, од СВР Охрид информираа дека е оштетен дел од таблата на која е испишано името на ново отворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
– Околу 12 часот и 45 минути во СВР Охрид пријавено е оштетување на дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“. Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот, изјави Димоски за МИА.
Бугарскиот клуб беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО