14.4 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Остатоци од човечко тело беа пронајдени во куфер на аукција во Нов Зеланд

НАЈЧИТАНО

Полицијата во Нов Зеланд започна истрага откако тамошното семејство пронашло остатоци од човечко тело во куфер што го купиле на аукција.

Полицијата покренала истрага за убиството и се обидува да ги идентификува останките, а семејството кое го купило куферот не е осомничено дека е вмешано во ништо, пишува Би-Би-Си.

Неколку соседи на семејството пријавиле смрдеа од нивниот имот пред да дојде полицијата.

Семејството купило приколка полна со работи во локален магацин, вклучително и куфер, а човечките останки ги нашле дури кога стигнале дома и ја отвориле.

Од полицијата најавија дека приоритет им е да го идентификуваат лицето, но додаваат дека за тоа ќе биде потребно време.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО