25.9 C
Ohrid
Wednesday, July 6, 2022

Основците од утре без маски на училиште

НАЈЧИТАНО

Владата на денешната 34-та седница донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и препораките на Главниот координативен кризен штаб за справување со ковид-19 за олеснување на дел од мерките што важеа за учениците во основните училишта. Одлуката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести.

– Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски, се наведува во соопштението на владината Прес-служба.

Покрај, ова владата реши и да започне настава со физичко присуство на факултетите во земјата со почитување на препорачаните превентивни мерки за превенција од коронавирус ковид-19, задолжително носење заштитни маски во затворен простор, одржување на физичко растојание од еден до два метри, зачестена хигиена на рацете со задолжителна дезинфекција пред влезовите во предавалните, амфитеатрите, вежбалните, односно негрупирање и често проветрување на затворените простории, со препорака за вакцинација на студентите и наставниот кадар на факултетите во државата.

Влада одобри и да се зголеми максималната исполнетост на капацитетот на отворен и затворен простор од досегашниот најмногу до 50 отсто, на најмногу до 75 проценти, со задолжително носење на заштитни маски за културни настани – театри, кина, филхармонија, како и семинари, обуки, состаноци, конференции и слично.

Се укинува и обврската за обезбедување редарски служби во економските оператори, како задолжително поседување сертификат или потврда за извршена имунизација, односно примени две дози на вакцина против ковид-19 или за прележан ковид-19 во последните 180 дена, за посета на угостителски објекти на отворено.

Во исто време, за затворените делови останува обврската за задолжително поседување на сертификатите за вакцинација или за прележаност.

– Согласно актуелната епидемиолошка состојба, прифатено е барањето на Министерството за внатрешни работи, полицијата и армијата да продолжи со обезбедувањето на ковид-центрите и вакциналните пунктови, а да престане надворешното физичко обезбедување на одделни Ковид-капацитети во Скопје и другите градови на државата, се додава во соопштението од владината седница.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО