7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Османи утре ќе се сретне со украинскиот шеф на дипломатијата

НАЈЧИТАНО

Тројката претседавачи со ОБСЕ, министрите за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, на Полска, Збигњев Рау и на Шведска, Ан Линде, утре ќе отпатуваат на полско-украинската граница.

Како што информира МНР, за време на нивниот престој ќе остварат средба со министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и ќе го посетат прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.

„Посетата на тројцата министри е во насока на поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина согласно меѓународното право и основните документи на ОБСЕ, како и за заштитата на основните човекови права на украинските граѓани.  Како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ, ќе се разгледаат можностите за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната“, се наведува во соопштението од МНР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО