22.9 C
Ohrid
Tuesday, August 9, 2022

Османи утре со Генчовска ќе го потпише билатералниот Протокол

НАЈЧИТАНО

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе отпатува за Софија каде ќе го потпише билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија.

Потпишувањето ќе биде во 10 часот по бугарско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија.

Ова следува по денешното усвојување на заклучоците за францускиот предлог во македонското Собрание по што Владата на седница одлучи да го прифати предлогот на француското Претседателство.

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила министерот за надворешни работи да ја информира Бугарија за заклучоците што ги изгласа Собранието.

Првата меѓувладина конференција, како што денеска најави премиерот Димитар Ковачевски, ќе се одржи во вторник во Брисел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО