0.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

Османи смета дека не смееме да го изгубиме „моментумот“

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Шефот на дипломатијата Бујар Османи смета дека процесот на уставни измени треба да се одвива со забрзана динамика, поради, како што вели, да не се изгуби моментумот во преговорите со ЕУ.

– Треба да се работи во забрзана динамика и не сметам дека треба да се одложат наредните избори, поради две причини – едната причина е заради тоа што ние не смееме да оставиме временски јаз помеѓу завршување на скринингот и отворањето на првото поглавје, бидејќи во ЕУ преговорите најважен е моментумот. Ако го изгубите моментумот тоа најтешко се враќа и политичарите што имаат искуствто во европскиот процес знаат дека моментумот е сега и не смееме да го испуштиме, и втора причина, не сметам дека наредните избори треба да бидат референдум за уставните измени, туку треба да бидат избори за подобар стандард на граѓаните и владеење на правото, рече Османи во одговор на новинарско прашање да даде коментар на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој неодамна рече дека не треба да се брза со уставните измени.

Во однос на тоа дали како власт имаат стратегија како ќе го соберат двотретинското мнозинство за уставните измени, тој вели дека со преговорите со ЕУ се добива безбедност, стандард, заштитени идентитетски атрибути и оти тоа граѓаните полека го разбираат и го поддржуваат.

– Тоа е нашата стратегија и мислам дека полека тоа ќе стигне и до пратениците. Мислам дека граѓаните се повеќе разбираат дека пропагандата околу 19 јули беше неоснована. Дека јазикот ќе исчезне, дека се продадени интересите… Се повеќе се сфаќа дека ние добивме почеток на преговори, заштитени идентитески атрибути и уставни измени, кои уште повеќе ќе ги заштитат тие идентитетски атрибути, бидејќи за првпат уставно се дефинираат двете заедници како мнозинска и како малцинска, што е спротивно на позициите на најрадикалните структури во Бугарија, кои се против уставните измени. И затоа, кој е против уставните измени е всушност на линија со најрадикалните структури во Бугарија. Мислам дека времето овозможува овие пораки да стигнат до граѓаните, оцени Османи.

Според него, мора да се направиме општествен договор дека 2030 ќе ни биде годината кога ќе станеме членка на ЕУ.

– Ние може да се минираме меѓусебе, но ќе си ја минираме нашата агенда за 2030 година, кажа Османи на брифингот со новинарите во Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(Видео) Дали некогаш сте виделе ваква несреќа во теретана? Сите се собраа околу неа и ја следеа акцијата за спасување

Косата на девојчето се заплетка во апаратот додека вежбала, а спасувачката акција траела десет минути. На социјалните мрежи кружи видео од чудна несреќа снимена во...

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека...

Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него

Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него, изјави денеска портпаролот на...
spot_img
spot_img
spot_img