17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Османи: Ова е датумот кој го чекавме 17 години

НАЈЧИТАНО

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, од Брисел порача дека „19 јули е датумот кој го чекале генерации“ цели 17 години. Тој вели дека сега почнува т.н. скрининг процес, а кој ќе трае околу 14 месеци.

– Денес се одржа Првата меѓувладина конференција, одобрена е преговарачката рамка и отпочна скринингот со Европската унија. Токму овој неопходен период од преговарачкиот процес ќе трае околу 14 месеци, а потоа започнуваме со отворање и затворање на поглавјата кон полноправно членство – истакна Османи.

– Денес е историски ден за самата Европска Унија, за Западен Балкан, но особено за Северна Македонија која од денес започнува да ги брои деновите кон полноправно членство во Европската Унија – додава тој.

– Северна Македонија од денес станува дел од патувањето кон Европската Унија, кон политиките на ЕУ, пристапот до европските фондови,  до оние политики кои ги делат земјите-членки на оваа Унија. Сакам да им посакам успех на граѓаните на Република Северна Македонија, на сите оние кои ни дадоа доверба во овој тежок пат во остварување на заедничката мисија да ја направиме земјата дел од најуспешната Унија во историјата на човештвото, онаа на Европската Унија – заклучува министерот за надворешни работи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО