24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Османи најави истрага за можниот хибриден напад

НАЈЧИТАНО

Според шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, три прашања се клучни дали Македонија ќе каже „да“ за францускиот предлог, по што очекуваме кревање на бугарското вето за нашиот евроинтеграциски процес.

Веднаш откако бугарскиот парламент даде зелено светло за францускиот предлог, награден со уште четири барања од Софија кон Скопје како услов за влез во ЕУ, Османи на прес-конференција со министерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ рече дека јазикот, историските прашања како главен критериум за напредување на преговорите и динамиката на уставните измени се клучни за тоа каква одлука ќе донесе земјата.

Министерот појасни дека ако има промени во преговарачката рамка коишто се прифатливи за земјата, можно е да има позитивен исчекор наскоро.

– Нема да правиме комромис ниту по едното, ниту по другото прашање, ќе станеме членка еден ден на ЕУ, но не по цена на компромиси за државните прашања – вели Османи.

– Простор за одговорност надвор од ова не гледам, поголема е одговорноста на лица коишто се обидоа да ја нарушат државната стратегија со пренесување на информации кои не беа ниту точни ниту конечни – вели Маричиќ.

Османи дополни дека министри и политичките партии во државата кои требаше да ја бранат позицијата на Македонија во преговорите со Бугарија биле цел на хибриден напад во земјата. Тој најави можна истрага, па ако се покаже дали станува збор за организирано сценарио за уривање на државната позиција, тие е можно и кривично да одговараат.

– Имавме хибридни напади врз закани за министри и политички партии  со кои се обидуваше да се урне нашата државна стратегија  и државните позиции за спорот со Бугарија, кои може да се исчитаат во контекст на  кривични постапки. Некој се обидуваше да ја урне нашата позиција. Тие хибридни закани треба да се истражат, да се види  дали се дел од некои сценарија, бидејќи можно е некои да избрзаа од наивност, но некои учествуваа свесно и организирано – рече Османи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО