2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Османи: Наредните години се години на расчистување конечно со корупцијата на сите можни нивоа

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Наредните години се години на расчистување конечно со корупцијата на сите можни нивоа. Не се амбицирам, затоа што нема општество исчистено во целост од ова зло. Но, Северна Македонија мора и тој дел да го помине за навистина да биде пример држава не само во регионот, туку и пошироко. Сега ни е шансата за тоа, сега ни е фокусот таму, сега и нашите пријатели се фокусирани во тој дел, ајде да се здружиме сите и да кажеме стоп на корупцијата.

Ова е повикот од министерот за надворешни работи Бујар Османи од денешниот брифинг со новинарите, кои прашуваа на повеќе теми, но главно во  фокусот беа прашањата за борбата против корупцијата.

– Наредните години ќе бидат години на антикорупциска политка за државата станува уникатен модел. Тоа што го созддадовме во делот на мултиетничката демократија, како култура на односи, на дијалог, на решавање на конфликти и прашања, создадовме сериозен модел на оваа држава во регионот. Уште ни треба да имеме сериозна демократија и сериозни институции во борбата против корупцијата и ние ќе бидеме така што треба да бидеме, како што очекуваат нашите пријатели и како што очекуваат нашите граѓани – рече Османи.

Според шефот на дипломатијата, државата ги реши егзистенцијалните прашања, внатрешно се консолидираше во однос на функционална мултиетничка демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите со соседите, рече тој, се етаблирараше меѓународно. Ова е, нагласи Османи, позитивен развој на државта и општеството, кога останатите прашања веќе се решени.

– Ова е заедничка определба помеѓу нас и САД за засилена антикорупциска борба. Државата и ние апсолутно ги поддржуваме тие ставови на САД и очекуваме сериозна поддршка. Еден од мотивите за почнување на стратешкито дијалог со САД беше нивно вклучување во атикорпциските политики и овде. Сега веќе имаме два големи инструменти за следење на антикорупциските политики. Еден е скринингот и преговорите со ЕУ и САД преку стратешкиот дијалог и нивните инструменти, дали се тоа механизмите на внесување во црни листи или други јавни именувања или други начини на поддршка, појаснуваше министерот Османи.

На новинарско прашање каква конкретна помош очекуваат од САД во борбата против корупцијата, Османи повтори дека во рамки на стратешкиот дијалог САД досега дале 4,2 милиони евра само за поддршка антикорупциските политики. Очекуваат поддршка и во обука, но и искористување на конкретните механизми што ги имаат на располагање САД.

– Република Северна Македонија има сериозен проблем со корупцијата на сите нивоа, не само на политичко. На сите можни нивоа, во сите можни општествени сектори каде граѓаните бараат услуги од државата на било кое ниво. Овој фокус што го ставаме заеднички со нашите партнери САД и со ЕУ, е и резултат што големите прашања ги надминавме, кои не дефокусираа од оваа политика на борба против корупцијата – дециден е Османи.

Тој истакна дека најодговорно тврди дека македонско-бугарско историска Комисија не е под политички притисок.

– Верувам дека членовите на Комисијата го имаат притисокот од јавноста, меѓутоа не од нас, не од мене како директна страна која има договор со нив. Дури ретко имам и комуникации во последно време, само за да не го чувствуваат тоа како наше влијание. Сум им кажал: ги имате сите можни услови и предуслови за работа, работете по ваше убедување и по ваше размислување – рече Османи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Руски „Искандер“ ги уништи сите, но светилиштето остана недопрено!

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа уништување на украински борбени возила и опрема во близина на Изјум. Наводно, Украинците паркирале...

Исфрлете ги овие намирници и заменете ги со други

Решивте да почнете да живеете поздраво и првиот чекор кон ново поглавје беше промената на вашето мени. Сепак, некои од намирниците за кои верувавме...

Павле Трајанов предлага да се формира македонско ФБИ

Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме....
spot_img
spot_img
spot_img