Османи: Мора да запре агресијата врз украинскиот народ

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамки на денешната посета на Украина, го посети градот Бородјанка во киевската област кој е силно погоден од воените дејствија. Османи на почетокот од посетата изрази жалење за сите невини жртви и илјадници Украинци кои мораа да ги напуштат своите домови како би ги избегнале разорувачките последици од руската воена агресија.

Сите ние кои даваме поддршка на Украина сме на вистинската страна на историјата, на вистинската стран на хуманоста, на почитувањето на правото на живот, истакна Османи.

Теренската посета се одвиваше меѓу рушевини, уништени стамбени згради и институции. „Во вооружените дејствија од страна на Русија, разрушени се училишта, болници, и друга државна инфраструктура која, за жал и понатаму се оштетува или уништува„ – посочи Османи.

Воедно, Претседавачот на ОБСЕ го осуди нападот на стамбена зграда во Днепар, каде пред два дена загинаа повеќе од 40 лица, и над 70 ранети. „Не постои оправдување ако континуирано се гранатираат цивлни цели. Ништо не може да оправда убивање цивили, попречување на транспорт на вода и храна, отежнување на работата на хуманитарните конвои. Ништо не може да оправда кога деца и бремени жени се оставени без греење, со недоволно храна“ – оцени Османи.

Неиспровоцирана агресија е кршење на меѓународното право, потенцијална закана за регионот, но и извор на страв и несигурност за цел свет. Османи истакна дека Организацијата ќе ги искористи сите механизми и алатки да помогне во напорите да се стави крај на како што рече оваа страдање и уништување.

„Пустошот предизвикан од воената агресија врз Украина длабоко ме потресува. Уништувањето на виталната инфраструктура и страдањето на украинскиот народ мора да запре. Потребна е итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна. Мораме да работиме да престане страдањето, а потоа да ги обновиме овие уништени области“ истакна претседавачот на ОБСЕ.

Османи, воедно, упати порака дека Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ ќе се залага да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина. Тој, исто така, порача дека комуникацијата со Русија ќе зависи од тоа, какви ќе бидат кон принципите и заложбите на Организацијата, за што Османи нема да дозволи никакви компромиси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img