23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Османи и Маричиќ го објаснија молкот

НАЈЧИТАНО

Францускиот предлог не е конечен, а вистина е дека никогаш официјално не беше испратен до владата, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој истакна дека нашата страна не сакала на ниту еден начин да влијае на постапката за интерпелација на Владата на Кирил Петков во Софија.

– Не сакавме да влијаеме на гласањето во бугарскиот парламент и затоа донесовме одлука нашиот став да го каже премиерот во Брисел, еден ден откако беше изгласана интерпелацијата. Не сакаме дополнително да ја дестабилизираме ситуацијата во Бугарија, која е воедно и членка на НАТО – вели министерот.

Османи смета дека молкот на владата предизвикал своевиден простор за креирање на јавно мислење во врска со предлогот.

– Имаше обид за хибриден напад и обид да се сруши нашата стратегија –  посочи Османи, кој дополни дека соодветните органи би требало да истражат кои се луѓето што сакаа да ја дестабилизираат државата.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ дополни дека дезинформациите кои се појавија кај нас во врска со францускиот предлог, ја поткопале нашата позиција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО