17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Османи зборува за последната средба со Генчовска, „без преголем оптимизам“

НАЈЧИТАНО

Позицијата на Македонија во преговорите е дека спорот со Бугарија е билатерален и дека не треба преговарачката рамка да се користи за негово решавање, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостување на Сител. Тој признава дека Бугарија, спротивно на ова, бара нејзините ставови да се преточат во услови во преговорите. Османи потврди дека конкретен предлог од француската страна нема, но истакнува дека француската страна е многу ангажирана и дека има посебен интерес од претседателот Макрон.

Како што рече Османи, Франција во овој период се обидува да го тестира расположението на сите земји членки, при тоа имајќи јасен свој став во процесот. Истовремено, тој е задоволен од неодамнешната средба со министерката Генчовска од Бугарија, која била „една од подобрите средби кои ги имале до сега во конструктивна атмосфера. Овој состанок ги охрабрил двете страни да се обидат овие денови да ги искористат до максимум за да се изнајде одржливо решение“.

Сепак, средбата била „без преголем оптимизам“.

Прашан дали ние сме подготвени во делот на човековите права да имаме услов, Османи истакна дека Северна Македонија има воспоставено уникатен модел на функционална мултиетничка демократија во која граѓаните ги остваруваат правата и индивидуално и во рамки на нивните заедници.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО