2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Османи вели дека никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на руската влада

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека никој не е против рускиот народ, туку против агресивната политика на руската влада.

– Нема народ кој прави агресија, тоа обично е влада која го заврдува својот народ, мора да имаме јасен став околу руската влада. Со поддршката на Украина ја поддржуваме нашата држава, правото секоја држава сама да си ги одбира приоритетите – вели Османи.

Шефот на дипломатијата смета дека исмејувањето на државни претставници и институции за време на руската агресија во Украина е вид на хибридна закана

– Кога ги дефиниравме хибридните закани, една од хибридните закани дефиниравме дека е исмејување на институциите. Кога вели МНР напуштете една држава, вие мора да верувате во тоа. Несвесно граѓаните влегуваат во такви инструменти на наштетување на државата, затоа бараме многу внимателност во овој дел – рече Османи.

Министерот додава дека ваквиот феномен делумно го разбира и дека постојат објективни причини за тоа, меѓу кои и фрустарциите од долгото чекање за започнување преговори со ЕУ.

– Има одредени објективни елементи како што е чувство на измаменост од ЕУ кое се манифестира како антизападна политика. Тоа е емоција која ја ослабува довербата на граѓаните во институциите. Ние се обидуваме максимално да ги направиме институциите поотпорни и по однос на напад на дигиталната инфраструктура и по однос на овие хибридни закани – рече Османи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Франција беше погодена од нов штрајк во вторникот, Британија се подготвува за среда

Вториот штрајк во Франција го прекина производството на електрична енергија, училишните часови и јавниот превоз во вторникот, откако владата најави зголемување на старосната граница...

Полициски комесар на КС поднесе оставка: Еве што кажа

Полицискиот комесар Нусрет Селимовиќ поднесе оставка до министерот за внатрешни работи и до Владата на кантонот Сараево. Неговата изјава ја пренесуваме во целост: „Заштитајќи го интегритетот...

Граѓаните ги вознемири пробивањето на звучната бариера во Загреб: „Зградата се тресеше!“

Малку по 10:30 часот во Загреб се слушна силен тресок. Како што јавуваат читателите, силен тресок се слушнал во западниот дел на градот, но се...
spot_img
spot_img
spot_img