5.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Организаторите на Австралија опен воведоа денеска забрана за истакнување руски и белоруски државни знамиња на трибините за време на натпреварите на првиот годинешен грен-слем турнир во Мелбурн

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Организаторите на Австралија опен воведоа денеска забрана за истакнување руски и белоруски државни знамиња на трибините за време на натпреварите на првиот годинешен грен-слем турнир во Мелбурн.

Одлуката доаѓа откако на натпреварот меѓу руската тенисерка Камила Ракимова и Катерина Баиндл од Украина на трибините беше истакнато знамето на Русија по што уследи протест од украинскиот амбасадор во Австралија, Васил Мирошниченко.

„Нашата почетна политика беше навивачите да смеат да внесат знамиња, но не можат да го користат за нарушување на текот на натпреварувањето”, соопшти по повод забраната Тениската федерација на Австралија.

Руските и белоруските тенисери можат да настапуваат на турнирите во Австралија како „неутрални” спортисти, што подразбира дека нивната националност не е наведена во официјалните записници, а знамињата на нивните држави не се прикажани ниту на телевизиската графика.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Газдата на Фејсбук е на 21 место со „само“ 55 милијарди долари

На најновата листа на милијардери на Блумберг објавена денеска прв е Французинот Бернар Арно, сопственик на бројни познати брендови, меѓу кои и „Луј Витон“,...

Грција ја потврди смртта на воениот пилот чиј авион се урнал во морето

Грција ја потврди смртта на триесет и едногодишниот пилот Ефстатиос Цитлакидис, чиј борбен авион Ф-4 Фантом во понеделникот се урна во Јонското Море. Телото на...

Во Холандија е потврдено кравјото лудило

Холандските власти потврдија дека кравата што умрела на фарма во таа земја имала таканаречена кравјо луда, ретка невродегенеративна болест кај говедата која може да...
spot_img
spot_img
spot_img