0.9 C
Ohrid
Sunday, January 29, 2023

Орбан изрази пофални зборови за поранешната германска канцеларка Ангела Меркел

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изрази пофални зборови за поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, изјавувајќи дека таа, доколку се уште беше канцеларка, ќе можеше да ја спречи руската војна во Украина, пренесе ДПА.

На настан во Берлин, Орбан кажа дека Меркел, со нејзините постапки,  во 2014 година спречила војна по руската анексија на Крим.

– Тоа што Ангела Меркел го направи во време на кризата на Крим беше ремек дело – рече тој, пренесе германската агенција.

Десничарот Орбан, кој има многу критичари во германската Влада на левиот центар, вклучително и заради неговиот став кон ЕУ, пред два дена се сретна со Меркел за време на неговата посета на Берлин.

Засега не е познато за што двајцата разговарале.

На истиот настан, организиран од списанието за политика и култура „Цицеро”, Орбан кажа и дека американскиот претседател Џо Бајден не е вистинската личност да ги прекине борбите во Украина.

Тоа што беше потребно, рече тој, е договор меѓу САД и Русија. Но, Бајден отиде предалеку критикувајќи го претседателот Владимир Путин, тврди Орбан.

– Можеби звучи грубо, но надежта за мир се нарекува Доналд Трамп – изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан од Берлин, пренесе ДПА.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(Видео) Дали некогаш сте виделе ваква несреќа во теретана? Сите се собраа околу неа и ја следеа акцијата за спасување

Косата на девојчето се заплетка во апаратот додека вежбала, а спасувачката акција траела десет минути. На социјалните мрежи кружи видео од чудна несреќа снимена во...

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија

Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека...

Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него

Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со германскиот канцелар Олаф Шолц, иако нема закажано телефонски разговор со него, изјави денеска портпаролот на...
spot_img
spot_img
spot_img