8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Орбан: Да не ни го земеа морето, ќе имавме пристаниште

НАЈЧИТАНО

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан поради противењето на Унгарија на заедничкото ембарго на Унијата за руската нафта. Фон дер Лајен по средбата изјави дека е постигнат напредок и дека некои прашања со Орбан се разјаснети.

„Постигнавме напредок, но има уште работа“, додаде таа, што всушност значи дека се уште не е постигнат конкретен договор со Унгарија.

Земјата ја условува согласноста за шестиот европски пакет санкции на Москва со гаранции дека ќе има сигурно снабдување со енергија доколку се воведе ембарго за купување на руска нафта.

Како што објасни еден европски дипломат за France Presse, на Унгарија ќе и треба нов нафтовод за да го обезбеди снабдувањето со нафта, што ќе ја поврзе со Хрватска, која има излез до морето. Затоа, бара гаранции дека Загреб ќе се вклучи во изградбата на оваа инфраструктура, како и гаранции за европско финансирање.

Орбан: Да не ни го земеа морето, ќе имавме пристаниште
„Оние кои имаат море и пристаништа можат да носат нафта на танкери. Да не ни го земеа (морето), ќе имавме пристаниште“, изјави Орбан во интервју за унгарското државно радио минатиот петок, како што пренесува Политико, во кое се објаснува дека Орбан мислел на јадранскиот брег.

Унгарија е најголемиот противник на заедничкото ембарго на ЕУ за руската нафта
Да потсетиме, сите 27 членки мора да бидат едногласни за да бидат воведени санкции. Предлогот за санкции наведува одредени исклучоци, но и Словачка и Унгарија ги сметаат за недоволни.

Унгарија е земјата која силно се противи на европското ембарго на руската нафта и веќе побара петгодишно одложување.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави во понеделникот вечерта дека Унгарија не може да го прифати предложениот пакет европски санкции за Русија додека не се решат нејзините стравови.

Претходно премиерот Орбан изјави дека предлогот на Комисијата ќе има ефект на „атомска бомба за Унгарија“.

„Тоа би го уништило нашето стабилно снабдување со енергија“, додаде тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО