18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината

НАЈЧИТАНО

Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на општината.

Јавниот повик се однесува за поправка на лифт за кој со технички преглед, извршен од овластено акредитирано независно правно лице, е утврдено дека е технички неисправен и/или за модернизација на лифтови и нивно усогласување со безбедносните барања и подобрување на безбедноста на постојните лифтови во согласност со Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење лифтови и транспортери.

Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и кровни покривки е насочена кон замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки на колективни станбени објекти и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови што се наведени во Јавниот повик.

Проектот се поддржува со финансиски средства од Буџетот на Општина Центар-Скопје, во висина од 30% од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000 денари за секоја одобрена апликација. Јавниот повик ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ и се однесува на станбени објекти постари од 15 години.

Јавниот повик ќе биде отворен заклучно до 7 јули 2022 година, а за целосната постапка за аплицирање и потребна документација може да прочитате на линкот https://www.centar.gov.mk/?p=15208, објавен на веб-страницата на Општина Центар.

Преку финансиската помош за реконструкција на постојни кровови и лифтови во станбените објекти, Општина Центар вложува во здравјето и потребите на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО