2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Опозицијата им се потсмева на фалбите на владејачката партија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

„Да не беше тажно, ќе беше смешно. Но, за жал сметката од овие самонаречени експерти кои ја уништија македонската енергетика на крај ќе ја платат граѓаните со двојно повисока цена на електрична енергија во евтина тарифа, почнувајќи од месец јануари. Изминатиов период Владата на СДСМ го активира својот ПР и започна со сопствено рекламирање и фалење како успешно се справува со енергетската криза. Секојдневните прес-конференции на Владата дека 100% го покрива регулираниот пазар со домашно производство и нула киловатчасови електрична енергија увоз, не се доволни за да се заборави најважното:

До скоро не можеше да помине недела без испад на некој производствен капацитет! Увозот на електрична енергија стана секојдневна реалност, па за периодот од 30 дена ЕСМ Продажба потроши за увоз 33 милиони евра, пари од буџетот, за да го надополни намаленото домашно производство.

Многу скапо не чини неспособноста на ЕЛЕМ да ги стави во функција производствените капацитети, па имавме секојдневни загуби од 1 милион евра, додека власта ја лажеше јавноста дека домашните капацитети не работат затоа што цената на струјата на берзата е поевтина од цената на произведената електрична енергија и поисплатливо било да се купува и да се заштеди на енергенси за производство“, вели ВМРО-ДПМНЕ и заклучува дека македонската енергетика под раководство на СДС и ДУИ е целосно уништена.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Руски новинар осуден во отсуство на осум години затвор за „лажни вести“

Истакнатиот руски новинар Александар Невзоров во средата беше осуден во отсуство на осум години затвор, откако судот во Москва го прогласи за виновен за...

„Јокиќ е кошаркарска поезија“

Американскиот коментатор не го криеше ентузијазмот за играта на кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ. Репрезентацијата на Србија одигра уште еден фантастичен натпревар - во победата...

Папата Франциско ги повика граѓаните на Конго да им простат на оние кои им згрешиле

Папата Франциско ги повика граѓаните на Конго да им простат на оние кои им згрешиле, обраќајќи им се на масата од околу еден милион...
spot_img
spot_img
spot_img