7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Опозицијата бара итна расправа за економската криза

НАЈЧИТАНО

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за oбнова на Македонија бара во најбрз можен рок да се закаже јавна расправа за актуелните економски случувања и за тоа како да се премости кризата со цената на енергенсите кои влијаат на ликвидноста на компании, а со тоа и на цените на производите кои ги продаваат.

– На оваа јавна расправа мора да бидат поканети сите стопански комори во Македонија, синдикати, организации на работодавачи, академска заедница и други заинтересирани страни. Резултатот од оваа јавна расправа мора да е еден оперативен план со конкретни мерки кои треба да ги превземе власта за полесно пребродување на 2022 година – рече денеска Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека македонските граѓани се задолжени како никогаш до сега.

– Јавниот долг го надмина прагот од 60% и којзнае кога ќе се вратиме под ова ниво со оваа Влада. Буџетскиот дефицит за месец и половина е 10 милијарди денари или 160 милиони евра. Само од Нова година, за 40-тина дена сме задолжени со нови 160 милиони евра. Од почетокот на 2020 година до денес дупката во буџетот изнесува повеќе од 1,6 милијарди евра – рече Пренџов и додаде дека граѓаните се соочуваат со огромни поскапувања во изминатиов период, а пред неколку дена излезе податокот дека инфлацијата само за јануари е 6,7%, во услови кога дел од производите се со замрзнати цени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО