2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

ОПЕК го намалува производството

НАЈЧИТАНО

Цените на нафтата пораснаа на меѓународните пазари кон 94 долари откако ОПЕК и сојузниците одлучија да го намалат производството најмногу од почетокот на пандемијата, и покрај противењето на САД.

На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше повисока за 1,77 долари отколку на вчерашното затворање и изнесуваше 93,57 долари. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 1,49 долари повисока цена, од 88,01 долари.

ОПЕК објави дека барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во вторникот поскапел за 1,45 долари, на 92,13 долари.

Трговците на нафтените пазари денеска со нетрпеливост го исчекуваат состанокот на ОПЕК и нејзините сојузници во Виена на кои се одлучуваше за политиката на производство. Заедничкиот министерски комитет за мониторинг (JMMC) договори дека производството од ноември ќе биде намалено за два милиона барели дневно во однос на референтната вредност, изјавија за медиумите три извора од OPEC+.

Тоа значи дека намалувањето, сепак, ќе биде поскромно имајќи предвид дека оваа групација земји во август заостануваше зад зададеното ниво на производство за околу 3,6 милиони барели дневно, според Ројтерс.

Сѐ уште не е јасно дали бројката за кастрење на производството го вклучува и евентуалното доброволно намалување на производството во некои земји членки на групацијата. Некои аналитичари тврдат дека ОПЕК+ со тоа всушност само официјално го потврдува и онака намалениот обем на производството во изминатите месеци.

„Вистинските последици од намаленото производство ќе бидат поблаги, имајќи предвид дека некои членки не успеваат да ги реализираат производствените квоти“, вели за Ројтерс Фиона Чинкота од „City Index“.

Со овој потег ОПЕК+ така ги отфрли сугестиите и барањата од САД да не го намалува значително производството, според наводите на неименувани извори.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО