20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Олена Зеленска за бракот со Володимир

НАЈЧИТАНО

Првата дама на Украина, Олена Зеленска (44), во неодамнешното интервју за Си-ен-ен откри дека ретко се гледа со својот сопруг, украинскиот претседател Володимир Зеленски (44) и дека за неа не е нормално што нивните деца можат да разговараат со нивните татко само по телефон.

– Ова не е нормално, тоа не е нормална врска, кога децата не можат да го видат својот татко и мораат да разговараат со него на телефон… Затоа нашата врска во моментот е на пауза, како и врските на повеќето Украинци – ѝ рекла Олена на новинарката Кристијана Аманпур.

Поради безбедносни причини, парот може да се гледа повремено и накратко, а во првите два месеци од руската инвазија воопшто не се виделе. Зеленски живеел во својата канцеларија со својот персонал, додека Олена и нивните две деца на возраст од 17 и 9 години, биле чувани на тајна локација.

– За среќа, тие два месеци, кога воопшто не можев да го видам сопругот, сега се минато. Сега можам да го видам понекогаш. Не често и не долго, но можам физички да го чувствувам – признала првата дама на Украина и додала дека војната ѝ нанела голема штета на земјата и дека во моментот не може да го види крајот на нивните страдања.

Инаку, Володимир и Олена се во брак речиси 20 години. Двајцата се родени во градот Криви Рих на југоистокот на Украина, каде што учеле во исто училиште, но во тоа време не биле блиски. Кога дошло време да се избере што ќе студираат, Олена избра архитектура на Градежниот факултет, а Володимир избрал право. Иако имале различни интереси, студирале во ист град на Националниот универзитет во Криви Рих. Тие се запознале во тие години, набрзо се вљубиле и започнале врска која траела осум години пред да се венчаат во 2003 година.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО