2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Околу 74,1 отсто од младите во Австрија, веруваат дека пандемијата со коронавирусот им ја „украла“ младоста

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Околу 74,1 отсто од младите во Австрија, веруваат дека пандемијата со коронавирусот им ја „украла“ младоста. Тие се соочувале и уште се соочуваат со досада, стрес и преоптоварување, покажуваат анкетите на јавното мислење.

Нивното расположение е лошо цели две години од почетокот на пандемијата. Младите Австријци се загрижени затоа што мислат дека се оставени сами да се снаоѓаат. Тие на политичарите им даваат само лоши оценки, кога станува збор за застапување на нивните интереси. Образованието се влоши за време на пандемијата, како и менталното здравје.

– Со проблеми на училиште или на факултет, младите се соочуваат со страв од иднината поради економска и политичка нестабилност – објасни директорот на агенцијата „Маркетагент“, Томас Швабел.

Лицата на возраст од 14 до 24 години сакаат повторно да патуваат, да излегуваат навечер, да одат на заеднички настани со пријателите. Наместо тоа, младите велат дека се изложени на досада, стрес, преоптоварување, чувство на осаменост, чувство на безнадежност и депресија.

Половина од младите сè повеќе се справуваат со болести и смрт, а 20 отсто тврдат дека веќе имале самоубиствени мисли.

Младите Австријци сега поминуваат сè повеќе време пред телевизор, компјутер или паметен телефон. Само 34,5 отсто од нив посветиле повеќе време на спортот за време на пандемијата.

Дури 92,8 отсто од младите чекаат светот да се врати во нормала, а убедени се дека реалните последици, во целост ќе бидат видливи, дури по извесно време.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

МВР – Извадок на дел од дневните настани 31.01.2023

На 30.01.2023 на ул.„Гоце Делчев“ во с.Кривогаштани, прилепско, полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Кривогаштани го привеле П.М.(36) од с.Кривогаштани. Тој бил...

Актерот Алек Болдвин е обвинет за убиство од небрежност

Обвинителството на Првиот судски округ на американската сојузна држава Ново Мексико денеска официјално ќе поднесе кривична пријава за убиство од небрежност против холивудскиот глумец...

Алијанса ќе влезе со 3 ресори, Алтернатива нема да излезе, ДУИ ќе накриви капа

Алијанса на Албанците (АА) најверојатно ќе добие три министерства во владата на Димитар Ковачевски, брифираат извори од оваа партија. Ресорите правда и здравство наводно...
spot_img
spot_img
spot_img