1.8 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Околу 70 полицајци се повредени во судирите со илјадници демонстранти за заштита на животната средина кои се спротивставија на проширувањето на рудник за јаглен во западна Германија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Околу 70 полицајци се повредени во судирите со илјадници демонстранти за заштита на животната средина кои се спротивставија на проширувањето на рудник за јаглен во западна Германија, соопшти денеска германската полиција.

Околу 15.000 демонстранти, според полицијата, или 35.000 според организаторите, меѓу кои беше и шведската еколошка активистка Грета Тунберг, вчера протестираа против проширувањето на отворениот рудник за јаглен, поради што се урива во градчето Луцерат во Рајнскиот басен меѓу Дизелдорф и Келн.

Тие дојдоа да ги поддржат активистите кои го окупираа тоа место и кои полицијата се обидува да ги евакуира. Според полицијата, против 150 лица се покренати правни постапки.

– Ситуацијата на терен денеска повторно е мирна – соопшти полицијата.

Операцијата за евакуација на активисти од Луцерат е политички чувствителна за владејачката коалиција на социјалдемократот Олаф Шолц, кој владее заедно со еколозите. Активистите ги обвинуваат еколозите дека ги прекршуваат ветувањата.

Владата смета дека е неопходно да се прошири рудникот поради енергетската безбедност на Германија, која мора да го надокнади прекинот на испораката на гас од Русија. Тоа го оспоруваат противниците на борбата против фосилните горива.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Близок соработник на Путин тврди дека исчезнатата јахта Ирина ВУ не е негова

Канцеларијата за односи со јавноста на Алишера Усманов во петокот извести дека Усманов не е сопственик на јахтата Ирина ВУ, која е под меѓународни...

Почина наградуваниот босански актер Саша Петровиќ, глумеше во „Луд, збунет, нормален“, „Аудиција“, „Ничија земја“…

Актерот Александар Саша Петровиќ почина на 62-годишна возраст, а режисерот Срѓан Вулетиќ ја соопшти тажната вест.На 62-годишна возраст почина актерот Александар Саша Петровиќ од...

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...
spot_img
spot_img
spot_img