5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Околу 130 верници се пријавени за фаќање на светиот крст, кој утре околу пладне ќе биде положен во реката Вардар во Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Околу 130 верници се пријавени за фаќање на светиот крст, кој утре околу пладне ќе биде положен во реката Вардар во Скопје.

Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА – Скопска епархија, сите пријавени се полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

Во 9 часот ќе почне архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица”, во која ќе учествува и архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан. Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата.

Околу 11:15-11:20 часот, архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода”. Таму веднаш ќе почне церемонијата „Водици”, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар околу 12 часот.

Од МПЦ-ОА – Скопска епархија, посочуваат дека утре е голем празник во православната црква. Верниците се поздравуваат со поздравот „Бог се јави”. Апелираат верниците да бидат присутни во храмовите, да учествуваат активно во божествената литургија со тоа што ќе се причестат.

Сите верници кои утре ќе се обидат да го фатат крстот тоа да го прават од верски побуди, достоинствено, со почит и со страв божји.

Фото: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Кина: Палењето на Куранот ја покажува лицемерието на некои западни политичари

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека чинот на палење на светата книга Куран во Шведска и во други земји...

Десет намирници кои ќе го одржат вашето срце здраво

Ако сакате да се борите со срцеви заболувања, има многу намирници што можете да ги вклучите во вашата исхрана за да го направите тоа....

Го прашавме докторот: Како да го намалиме ризикот од мозочен удар

„Мозочниот удар се случува кога ќе се прекине снабдувањето со крв во мозокот, а мозочните клетки се влошуваат, односно умираат. Оштетувањето на мозочните клетки...
spot_img
spot_img
spot_img