1.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Од 7 септември досега, се ексхумирани телата на 534 цивили, меѓу кои и на 19 деца

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Заменик началникот на украинската полиција во регионот Харков денеска изјави дека на териториите ослободени од руската окупација во последниот месец, од 7 септември досега, се ексхумирани телата на 534 цивили, меѓу кои и на 19 деца.

– Меѓу нив има тела на 226 жени и 260 мажи и останки на 29 лица чиј пол се уште не е утврден – рече тој.

„Во оваа бројка се вклучени и телата кои беа ексхумирани од масовната гробница во близина на Изум”, додаде тој.

Кога репортерката на Би-би-си, Орла Герин, ја посетила масовната гробница во близина на Изум во средината на септември, регионалниот обвинител во Харков и рекол дека некои од телата покажуваат знаци на тортура, додека останатите се останки на луѓе убиени во руски воздушни и артилериски напади.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

ЕУ е стратешки приоритет на Владата, реформските процеси ќе се интензивираат

Европската Унија е стратешки приоритет на Владата. Владеењето на правото ќе остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите. Вицепремиерката Славица Грковска во...

МВР – Извадок на дел од дневните настани 30.01.2023

На 29.01.2023 во 19.20 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп. Тој...

Најмалку 28 загинаа, а 150 се повредени во Пакистан

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во експлозија во џамија во пакистанскиот град Пешавар. Експлозијата се случи кога џамијата беше...
spot_img
spot_img
spot_img