4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Од утре поскапување на горивата

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денара по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,9 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 85, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 83,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,355 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 40,814 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 7,084 отсто, кај дизелот за 4,546, кај екстра лесното масло за 4,351 и кај мазутот за 5,491 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е понизок за 0,777 отсто.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Постојат многу начини на кои пиеме кафе и тие зависат од нашиот личен избор, вкус, моментално расположение, време од денот…

Постојат многу начини на кои пиеме кафе и тие зависат од нашиот личен избор, вкус, моментално расположение, време од денот… Во него ставаме разни додатоци...

Уставниот суд реши да не поведе постапка по поднесок од пратеникот Антонијо Милошоски

Уставниот суд реши да не поведе постапка по поднесок од пратеникот Антонијо Милошоски, откако утврди дека не се исполнети процесните претпоставки од одредбите на...

Паѓаат ценита на горивата

Цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за...
spot_img
spot_img
spot_img