2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Од полноќ ќе точиме бензин за повеќе пари

НАЈЧИТАНО

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1.5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 86, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 75,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за еден денар за литар и ќе чини  74,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,249 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,17 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа во просек за 2,711 отсто кај бензинот и за  1,997 отсто кај дизелот, како и  за 0,496 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО