20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Од полноќ нови поевтини цени на горивата

НАЈЧИТАНО

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цента на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 2,228 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 54,521 денари.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намалените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,573 отсто и кај дизелот за 5,345 отсто, како и за околу 0,182 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО