2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Од лични и здравствени причини, Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата државен секретар во Министерството за одбрана

НАЈЧИТАНО

Од лични и здравствени причини, како што се наведува во оставката, Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата државен секретар во Министерството за одбрана.

Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од 5 години, поточно од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

– Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Северна Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамките на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување – велат од Министерството за обрзана.

Министерството му се заблагодарува на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО