8.9 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Од денеска на белградските улици ќе возат 25 нови автобуси со природен гас, а набавени се 100

НАЈЧИТАНО

Од денеска на белградските улици ќе возат 25 нови автобуси со природен гас, а набавени се 100, изјави денеска градоначалникот на Белград Александар Шапиќ.

Стоте нови автобуси на природен гас се производ на турската компанија БМЦ. Новите возила се нископодни и зглобни, со максимален капацитет од 150 патници. Ќе бидат распоредени на најфреквентните градски линии. Најстарите возила ќе бидат пензионирани. Исто така, значително ќе се зголемат и платите на возачите во Градското сообраќајно претпријатие.

За овие набавени возила ќе бидат потрошени 35 милиони евра. За споредба, со предвидената сума од 70 милиони евра за проект „БРТ“, што го заговараше поранешниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, можат да се купат 200 вакви нови автобуси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО